Мицкоски: Лично ќе се заложам да се сменат спорните одредби за приватните Универзитети и Институти кои креираат квалитет

Премиерот лично ќе се заложи да се изменат спорните одредби од нивите закони за високо образование и научно истражувачка дејност, за кои приватните институти и универзитети реагира дека се престроги и тоа ќе значи и затворање на овие високообразовни институции.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 Тв

Премиерот лично ќе се заложи да се изменат спорните одредби од нивите закони за високо образование и научно истражувачка дејност, за кои приватните институти и универзитети реагира дека се престроги и тоа ќе значи и затворање на овие високообразовни институции. Според нив престроги се правилата со кои се бара да имаат десет вработени од кои 5 доктори на науки и двајца магистри, а  реагираа и на прешироките овластувања кои во иднина ќе ги има министерот за образование.

Премиерот Христијан Мицскоски во одговор на новинарско прашање рече дека ако има такви институци кои  создаваат квалитет и се чувствуваат обесправени, на владина седница лично ќе се заложи тие одредби да се сменат. Тој рече дека овие установи да бидат спокојни, но дека нема да толерираат случаи како што беше примерот со Институт во обложувалница што го спомена вчера министерката за образование Јаневска.

-Нив не може да ги толерираме бидејќи мора еднаш во високото образование да почнеме да генерираме квалитет, а не квантитет. Нашата цел не е да се затвори никој, нашата цел е да престанат со работа оние што генерираат неквалитет односно тие што буквално го осакатуваат високото образование, изјави премиерот.

Тој објасни дека од моментот кога ќе влезат во владина процедура законите до нивно усвојување има недели и месеци за работа и тогаш мое да се направат потребните промени.

Министерката за образование Весна Јаневска, вчера изјави дека при контролите што ги направила комисија од МОН во приватните универзитети и институти, имало случај кога Институт бил регсистриран во кладилница, и дека таквите се веднаш затворени. Таа им порача на критичарите да врботат доктори на науки, а не да ги злоупотребуваат, односно да ги вработат додека трае акредитацијата, а потоа ги отпуштаат.