25
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, истакна дека јазикот не е само дел од минатото, туку и мост до иднината. Тој нагласи дека кодификацијата на јазикот пред 80 години беше признание за долга и тешка борба на народот за своја самобитност. Мицкоски потенцираше дека јазикот е клучен за зачувување на националниот идентитет и дека Владата ќе продолжи да инвестира во неговото унапредување преку образовни реформи, дигитални проекти и поддршка на институциите. Особено ја истакна важноста на младите и дијаспората за пренос на јазикот на идните поколенија.