Имаме постојана комуникација со меѓународната заедница, не би сакал да ги интерпретирам нивните ставови, тоа го оставам да го кажат тие. Но знам дека ВМРО- ДПМНЕ покажа конструктивност и грижа за иднината, која власта нема капацитет да ја валоризира. Од тој аспект – сите оние соопштенија дека ДУИ би се жртвувала за решение, но треба да се знае дека не одлучуваат ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти Владата. СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада, изјавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ДВ.
Како што истакнува, ако се пропушти и оваа шанса, јасно е дека процесот е целосно заглавен.
-Тоа значи дека СДСМ има намера да донесе решение кое ќе биде штетно, а единствената брана за такви уставни измени ќе останат ВМРО- ДПМНЕ и пратениците кои нема да дозволат тоа да помине. Во тој случај изборите се единственото логично решение, порачал Мицкоски и додал:
-Мојата цел беше да се одглават работите и да се даде поинаква перспектива на процесите, да создадеме решение кое нема да биде на штета на граѓаните и иднината на Македонија. Жалам што СДСМ пропушта голема и историска шанса.