Мицкоски му кажал на Сарацин дека не ги прифаќа уставните измени

од Nikola Popovski
283 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски оствариле средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Според најголемата опозициска партија, на средбата станало збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Мицкоски истакнал дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочил реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

Исто така беше разговарано и за уставните измени при што Мицкоски го реафирмираше ставот дека оваа влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини