Мицкоски му се пожалил на Гир за „ситуацијата во земјава“

од Nikola Popovski
180 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнале со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во земјава.

Мицкоски и потпретседателите на средбата со Гир разговарале за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од најголемата опозициска партија.

Според соопштението, Мицкоски и потпретседателите на партијата го информирале амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се ставил на корупцијата и криминалот.

-Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата. На средбата претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција, порачаа од најголемата опозициска партија.

Мицкоски укажал на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните, истакнуваат од „Белата палата“.

Слични содржини