Мицкоски на гости кај Орбан во Будимпешта: Поддршката од Унгарија е доказ за вистинско пријателство

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски во Будимпешта остварил средба со претседателот на ФИДЕС и премиер на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија, велат од најголемата опозициска партија.

-Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија, стои во партиското соопштение.

Се истакнува дека на средбата бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Било разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.

Слични содржини