Мицкоски на конференцијата на УМС: Нам не ни требаат луѓе што ќе климаат со главите

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната 31-ва годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“, кон членовите упати порака дека ќе бидат успешни само доколку бидат свои, ќе бидат носители на развојот само доколку влезат со целото срце и енергија за да го постигнат успехот што го посакуваат.

-Нам не ни требаат луѓе што ќе климаат со главите и ќе го потврдуваат мислењето на соговорникот, туку кои ќе покажат пркос и аргументи, не дебата на голи фрази, туку решителност поткрепена на знаење и идеи. Таквото УМС утре може да ја движи Македонија, рече тој.

Сосема е извесно, според Мицкоски, дека работите се прекршени и дека одговорноста за државата ќе припадне на ВМРО-ДПМНЕ и новата генерација „која мора да биде подобра од сите претходни во Македонија за да истата таа биде успешна“.

– И затоа тоа преземање на одговорност мора да биде одлучно и веднаш да се покажат резултати. Во средиштето на тие промени за подобра иднина се младите и вашата шанса доаѓа. Затоа што доста во оваа држава се зборува за младите, без да им се даде шанса, доста се прават планови за вас – без вас. И затоа е важно младите што помасовно да се вклучат во оваа политичка битка и лично да ги менуваат работите, истакна Мицкоски.

Слични содржини