Мицкоски на прием кај германската амбасадорка доцнел 90 минути

од Vladimir Zorba
718 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски ја понижил германската амбасадорка Петре Дрекслер, со тоа што дури 90 минути доцнел на приемот во германската амбасада за Денот на германското обединување.

Амбасадорката Дрекслер, со целиот персонал на амбасадата го чекале Мицкоски до 20:10, бидејќи било најавено дека ќе дојде, пишува Горан Михајловски во неговата колумна на порталот „Сакам да кажам“.

Било планирано дури и амбасадорката Петра Дрекслер специјално да го поздрави, бидејќи тоа било напишано на видеоѕидеот.

Мицкоски сепак се појавил околу 20:30 часот, ги пропуштил химните и говорот на амбасадорката, а и гостите веќе започнале да си заминуваат.

Останува нејасно зошто премиерот доцнел 90 минути на свечен настан во амбасадата на еден од најголемите партнери на земјава во ЕУ. По своето доцнење претходно беше познат и премиерот Никола Груевски, па останува нејасно дали и каква порака испраќа Мицкоски до Германија.

Слични содржини