Како што соопшти Мицкоски во објава на социјалните мрежи, проектот претставува инвестиција од 55.941.669 денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт.
Според најавата, целта на проектот е унапредување на урбаната инфраструктура и решавање на сообраќајните и паркинг-потребите во централното градско подрачје.
„Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, порача премиерот Мицкоски во својата објава.