Мицкоски најавува две линеарни зголемувања на пензиите по 2500 денари

од Nikola Popovski
277 прегледи

Новата влада најавува две линеарни зголемувања на пензиите, барем според зборовите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска информира дека за такво нешто во моментов ќе се чека ребалансот на Буџетот.

-И од она што можам да видам и со првичен Буџет што е поминат, недоставуваат околу 2,5 милијарди денари. Најверојатно ќе имаме две линеарни зголемување. Едно од 2500 денари во септември, а другото исто толку во март следната година. Најпрвин со ребалансот, треба да обезбедиме 2,5 милијарди денари за тековните пензии. Во моментов тие пари недостасуваат, односно се трошеле за работи за кои многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот кој што следи, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Првото линеарно зголемување ќе важи за месеците септември, октомври и ноември.

Со тоа, рече премиерот, практично нашето ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари во првата година ќе биде и порано исполнето, не до јуни туку ќе биде до март идната година.

Слични содржини