Мицкоски најавува проект „Кочани 2030“ во соработка со Европската комисија

од Nikola Popovski
53 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во разговори со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен дискутирале за заедничка акција меѓу ЕК и Владата за помош и јасен план за Кочани по трагедијата во дискотеката. Мицкоски најави дека проектот можеби ќе се именува како „Кочани 2030“ во кој што ќе вложат огромна сума на пари во реконструкција на објекти како кочанската болница, училишта, спортски сали, паркови, патна инфраструктура…

Според Мицкоски, ниту еден повреден пациент од кочанската трагедија нема да остане незгрижен или нетретиран како што заслужува. Вели дека е свесен за состојбите во македонските болници.

-Не сакам да зборувам јавно за овие работи затоа што ценам дека не треба да се злоупотребува оваа трагедија. Ќе се испраќаат медицински тимови кои во периодот кој што следи ќе се грижат за здравјето на рековалесцентите. Се трудиме максимално да помогнеме, кажа премиерот на прес-конференција во Владата.