Мицкоски најавува: Првата странска директна инвестиција ќе биде во делот на енергетиката

од Nikola Popovski
41,4K прегледи

Мандатарот за состав на влада и иден премиер Христијан Мицкоски најави дека приоритетно ќе биде балансирањето на енергетското тргување и креирањето одржливи решенија во следниот период за реорганизација на нашиот пазар на електрична енергија. Тој ова го истакна на денешното обраќање на Македонско-енергетскиот форум.

Мицкоски ја најавил и првата странска директна инвестиција, која ќе биде во делот на енергетиката.

„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, кажал мандатарот.

Укажал и на тоа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.

„Дали ние имаме човечки капацитет за една таква транзиција и дали нашиот систем може да си дозволи една ваква транзиција? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија“, рекол меѓу другото Мицкоски во обраќањето.

Слични содржини