Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино порача дека не е албанофоб, како што од опозициската ДУИ кажуваат, туку дека е криминалофоб кој ги презира политичките криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и се богатеа на грбот на граѓаните и дека од прв до последен ќе одговараат за криминалот кој го правеле.
-Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија.
Но, да сум криминалофоб и ги презирам оние политички криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа од политиката милионери и сега мислат дека на етничка карта ќе играат и народот ќе заборави што правеа 20 години кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, кога купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, кога купуваа мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ. Е јас сум тоа, криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте“, порача Мицкоски.