Мицкоски не размислува за ново СЈО: Во Романија и Црна Гора беа неуспешни, тоа се импланти

од Nikola Popovski
30 прегледи

Запрашан околу тоа како да се средат состојбите во судството и Обвинителството и дали се размислува за ветинг на судиите, премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека примерите во соседството со специјален јавен обвинител не покажуваат дека биле успешни.

-И во Романија и во Албанија…И таму е како имплант и не е интегриран во системот. Имаме јасно подлога во која насока треба да се движат судските реформи, а тоа е Оценската мисија од ЕУ. На таа основа се прават реформите преку низа закони кои треба да бидат завршени до крајот на годината. Специјалните обвинителства не се неуспешни само тука кај нас. Не би сакал да отворам тема како специјалната обвинителка од затвор даваше документи напишани на рака, па тогашниот јавен обвинител затвораше луѓе на доживотна робија…Тоа се теми за кои не сакам да оптеретувам. Тоа се тешки политички случаи кои ги немало ниту во 1949 година во Политбирото, тоа е друга тема…Ниту во Романија ниту во Црна Гора не беше успешно. Тоа се импланти. Да се држиме до законот и подлогата на ЕУ. Ако тоа го имплицираме, ќе бидеме успешни, рече Мицкоски во емисијата „Објектив” на Македонската телевизија.

Според него, целта на власта не била да уриваат и не добиле за тоа мандат од граѓаните.