Мицкоски: Не треба да им го правиш на луѓето тоа што не сакаш тебе да ти го прават

од Nikola Popovski
152 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сака да ги коментира случувања во другите партии. Запрашан што очекува од она што се нарекува „пеколен план на СДСМ за избори и широка коалиција“, вели дека има принцип кој што го задржува секогаш.

-Не треба да им го правиш на луѓето тоа што не сакаш луѓето тебе да ти го прават. Тоа е нивна автономна работа. Тоа што мене ме интересира како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е да има предвремени избори за Македонија да тргне напред, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање при посетата на општина Неготино.

Тој истакна дека граѓаните треба да „добијат влада која ќе ја изберат, а не премиер кој ќе го постават неколкумина кои така решиле да биде“.