Професорката и граѓански активист Мирјана Најчевска со свој став откако Владата одлучи да биде коспонзор на американската резолуција за Украина, а во исто време да остане воздржана при гласањето за европско-украинската резолуција.
„Мицко нè турна кон Путин“, истакна Најчевска за резолуцијата во која Русија не беше означена како агресор кој со инвазијата врз Украина ја прекршил Повелбата на Обединетите нации.
За коспонзорството, таа додаде: „Овој потег ја става Македонија на мапата на конзервативни држави поддржувачи на Путин и е многу поштетен од сите глупости на Левица и нејзините лигавења со руската дипломатија. Со ова Мицкоски ја препознава окупацијата на Македонија од страна на Бугарија како административно присуство а не окупација“.
За американската резолуција гласаа 93 земји, 65 беа воздржани, а 18 беа против, меѓу кои САД и Русија. Македонија, Унгарија и Белорусија беа единствени земји од Европа кои не ја поддржаа европско-украинската резолуција.
Македонија, заедно со Грузија и Израел беше коспонзор на резолуцијата поднесена од САД, која не доби поддршка од Генералното собрание на ОН во оригиналната форма.