Мицкоски: Не ветуваме чуда, но стоиме позади тоа што е ветено

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека неговата партија нема да води црна кампања за двојните избори. Вели дека другите партии се целосно насочени со оцрнување на неговото име.

-Јас им порачувам само нека продолжат да се занимаваат со мене, а ние ќе продолжиме да нудиме решенија на граѓаните кои што значат иднина и ќе понудат одговор на проблемите, пред се мислам на проблемите во администрацијата, стандардот, слабата економската состојба, борбата со криминалот и корупцијата и проблемите на пензионерите и младите… Дополнително ме мотивира црната кампања против мене, рече денеска Мицкоски од Аеродром.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во наредниот период, ќе има официјална промоција на изборната кампања на неговата партија за парламентарните избори.

-Не ветуваме премногу и чуда, но тоа што е ветено, стоиме позади тоа и врз основа на тоа, ќе ја градиме нашата политика. После две години, истата програма ќе биде ревидирана и надградена откако реално ќе ги видиме ресурсите со кои што ќе располагаме. Имаме информација дека она што ќе го следиме од оваа власт е алармантно и катастрофално, кажа Мицкоски.

Слични содржини