Мицкоски нема информации за нови мерки против високите цени: „Вие очигледно знаете повеќе од мене“

Очигледно имате повеќе информации од тоа што имам јас, вели Мицкоски за евентуални нови мерки против цени на производите

од Nikola Popovski
16 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека нема информации дека се кројат мерки против високите цени на производите. На новинарско прашање, премиерот изјави дека засега нема најави за повторно ограничување на маржи и кошнички од типот на есенската и новогодишната.

-Вие очигледно имате повеќе информации од тоа што имам јас. Јас немам такви информации дека се при крај мерките за кошничката или, како што рековте, ограничување на маржите и слично. После овој настан, имам состанок со министерот за економија и труд и ќе разговараме на тој состанок што е она кое што треба да го преземеме во периодот кој што следи, соодветно на анализите кој што ги направивме, а за кои што веќе зборував, рече Мицкоски.

Што се однесува до Економско-социјалниот совет, претседателот на Владата изјави:

-Mислам дека Комисијата што треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите, ја заврши својата работа и доколку е тоа така, денеска и за тоа ќе разговараме со министерот за економија и труд, тогаш не гледам причини и покрај тоа што се одмори, да не одржиме состанок, кажа Мицкоски на прес-конференција по настан на Царинската управа.

 

Статистика потврди – цените и во јуни оделе нагоре. Индексот на цените на мало споредено со април е зголемен за 1,1 проценти, а во однос на јуни лани за 3,7 отсто. И инфлацијата мерена преку трошоците на живот е зголемена – за 0,8 проценти во однос на мај и за 4,5 отсто во однос на лани. Најмногу поскапел транспортот, но зголемување на цените има и кај храната и безалкохолните пијалаци. Граѓаните се жалат, велат животот е скап, цените се превисоки за стандардот, па очекуваат власта да преземе мерки.

Слични содржини