Мицкоски: Немавме дилема дека треба да ја поддржиме Шекеринска

од Nikola Popovski
52 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција појасни дека не е тајна дека во минатото постоеле, но и денеска, многу концептуални разлики и политики со поранешната министерка и екс-лидерка на СДСМ, Радмила Шекеринска, но, како Влада имале предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржат за функцијата заменик-генерален секретар на НАТО.

Мицкоски информира дека „немале никаква дилема затоа што честопати повикуваат на единство и дијалог со опозицијата“.

-Доколку повикувате, а тоа не го правите со дела, тогаш сте лицемерни. Така што, ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, но и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националните интереси и единство се пред партиските и да се има Македонка за заменик-генерален секретар на најголемата и најмоќната воена алијанса во светот е навистина чест. Немав дилема, ниту јас, ниту Влада дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушавме со Шекеринска, разговаравме и нема дилема дека треба заедно да соработуваме за да ѝ помогнеме на македонската Армија, а со тоа и за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани, кажа Мицкоски на прес-конференција по повод Светскиот ден на детето.

Слични содржини