Наша проценка од тоа што го анализираме во мерењата е дека неопределените се многу повеќе од 100 илјади гласови. Нашите детални анализи велат дека од четири гласа кај неопределените сигурно два доколку излезат би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а останатите два би делеле другите опозициски условно кажано политички партии вклучително и оние кои се во условно кажано албанскиот блок, изјавил синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик плус“.
Мицкоски додал дека ќе се стави акцент да се убедат неопределените да излезат на избори и да гласаат. Кажал дека седењето дома на овие избори е поддршка за ДУИ и СДСМ и токму поради тоа важно е масовно да се излезе на гласање.
Тој предвидува дебакл на СДСМ на изборите, и дека оваа партија ќе има под 200.000 гласови.
-Последната информација која ја добив е дека претседателот на СДСМ кажал дека Радмила Шекеринска ќе биде кандидат за претседател. Имајќи во предвид дека Радмила Шекеринска како претседател на СДСМ го имала убедливо најслабиот резултат кој го имала СДСМ, и според мене на следните избори тие ќе одат многу подоле од тој резултат според бројот на гласови, посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Најави дека неговата партија сака да коалицира со здружената албанска опозиција, односно ЕСП.
-Нашиот партнер е посакуван е консолидираната албанска опозиција, блокот кој го предводат четирите лидери на политички партии, тоа се Меџити, Касами, Гаши и Таравари, и ние би сакале со нив да соработуваме, изјави Мицкоски.