Мицкоски: Ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството

од Milan1
28 прегледи

„Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12.  Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа на важечките закони и Устав. Ние како Влада не можеме да излеземе надвор од важечкото законодавство и Устав“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски апелираше до експертската јавност да достават предлог за да се врати довербата на граѓаните во правосудството.

„Дали сум се откажал? Ако добиеме подобар предлог за којшто, апелирам, молам еве ја користам оваа прилика, сите тие што беа против и од ЕУ и од експертската јавност, еве ве молам доставете, поминаа месеци ако не доставите тогаш доаѓаме до заклучокот дека вие намерно штитите институции коишто не се способни да обезбедат поддршка кај граѓаните поголема од 2 проценти, институции коишто не гарантираат владеење на правото, бидејќи 2 проценти кај граѓаните не е владеење на правото и институции коишто му служат некому, а не граѓаните. Како премиер, како претседател на Владата којшто добил, излегувајќи напред на чело на коалицијата, 450.000 граѓани на избори на оваа програма, ако не добијам подобар предлог не ми преостанува ништо друго освен тоа да тој предлог што погласно го промовирам и да ја вратиме довербата кај граѓаните“, подвлече премиерот.

Мицкоски рече дека доколку нема доверба во правосудството нема да има странски инвестиции, што ќе има големо влијание врз Буџетот на државата и животниот стандард на граѓаните.

„Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, тоа значи судии и обвинители коишто судат и обвинуваат согласно Закон и Устав, а не согласно партиски нарачки, од партиски штабови или други центри на моќ. Судии и обвинители коишто ќе гарантираат владеење на право и доверба кај граѓаните. Зашто? Затоа што ако немаме правна држава, нема да имаме ниту инвестиции, никој нема да сака да инвестира, ако немаме инвестиции ќе немаме пари во Буџетот, ако немаме пари во Буџет, многу едноставно, ќе нема пари ниту за реформи во образованието, ниту за реформи во здравството, ниту за повисоки плати, ниту за субвенции, ниту за оброк за младите, ниту за стипендии, ниту за нови студентски домови, ниту за медиумите, ниту за никого“, рече премиерот.

„Нема да штитам никого, немам концесија кон никого, треба тоа да го разберат сите и не се откажувам од ништо, само во случај ако добиеме подобар предлог. Ги повикувам нека не се кријат, позади комфорот на позициите коишто ги имаат, без разлика од каде доаѓаат, без разлика дали се претставници на меѓународна заедница, дали се домашни експерти. Дојдете подготвен сум да разговарам со сите вас, дајте предлог вака не оди, 2 проценти доверба кај граѓаните. А тезата еве му ја свиткаа раката на Мицкоски па сега попушти е глупава теза. Ми ја виткаат раката 6 години, не сме имале ваков капацитет, таков капацитет па гледате дека се што кажаа ништо не излезе така. Доста од политиканство, народот од нас очекува дејства, да го направиме животот подобар, да правиме вакви објекти, да нема деца на листа на чекање, да има подобар стандард, да живеат подобро тоа го очекуваат. Сега дали ми ја свиткале, не ми ја свиткале, никој не може да ми ја свитка раката, голем сум фала му на Бога“, истакна премиерот кој беше на во посета на општина Аеродром, на започнување на градежни активности за доградба на детската градинка Срничка.

Тој посочи дека приоритет на Владата е да нема листа на чекање за упис на дечињата во детските градинки.

-Се бориме за подобра демографија, се бориме младите да ги задржиме тука, да немаме емиграција, да немаме иселување, и мораме како Влада, заедно со општините, заедно со ресорното министерство, со Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и со останатите колеги во владата, да работиме на тоа да ги обезбедиме сите потребни услови, за младите брачни парови да останат тука, и со самото тоа, и дечињата да растат тука, да другаруваат, што за нас претставува особена важност. Како политика, ова е приоритет на новата Влада. Проектот сам по себе, со 2 милиони евра, можеби не значи многу како инвестиција, но функцијата на новиот проект значи многу. Бидете уверени, ќе се намалат листите за чекање за упис во градинките. Како што има уште многу вакви проекти, така ќе има уште многу функционални проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните насекаде во Македонија, па и овде, истакна Мицкоски.

Слични содржини