Мицкоски очекува да влеземе во ЕУ во наредните 10 години

од Nikola Popovski
52 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски ја гледа Македонија како дел од ЕУ во наредните 10 години. Според него, земјава успешно ќе го заврши процесот на преговори без билатерални прашања. Очекува дека сите граѓани ќе ја чувствуваат својата држава како своја без разлика на нивната етничка припадност.

-Очекувам да бидеме во врвот на Европа во делот на најбрзо растечките економии и да имаме најмалку еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа. Очекувам многу успеси во полето на спортот. Важна е и македонската култура и достојно да бидеме претставени од културните работници. Владата да биде на горда на кое што го постигнуваме, рече Мицкоски во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ за очекувањата каде ја гледа земјава од денеска за десет години.

Премиерот информира и дека новогодишните и божиќните празници ќе ги помине со своето семејство. На 1-ви јануари ќе присуствува на отворањето на ски-центарот Михајлово на планината Кожуф во близина на Кавадарци.

Слични содржини