Мицкоски очекува до Нова година да биде потпишан договорот за гасниот интерконектор со Грција

од Nikola Popovski
15 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. После настанот одговарајќи на новинарско прашање што планира Владата во сегментот инвестиции во патиштата коишто се добредојдени за економијата, а посочува бизнис секторот како едно од големите ветувања во патната инфраструктура информираше дека се работи секојдневно на реализацијата на капитални инвестиции од овој тип.

„Да, затекнавме една летаргична, целосна недисциплина целосна во делот на реализација на овој тип на капитални инвестиции и можете да забележите дека се работи секојдневно се работи и во доцните ноќни часови буквално имаме една прилично амбициозна агенда. Со задоволство можам да кажам дека до крајот на годината патниот правец којшто е дел од Коридорот 8, експресниот пат којшто ги поврзува местата Чатал-Длабочица и Крива Паланка т.е. Страцин-Крива Паланка за оние коишто кој што почесто патуваат кон тој дел на државата ќе биде готов и веднаш почнуваме проектирање за делницата Куманово-Чатал односно Куманово-Страцин и со тоа ќе го затвориме тој потег на експресен пат. Потоа, можам исто така со задоволство да кажам дека делот од Коридорот 8 којшто ги поврзува Кичево со Охрид после седумгодишна летаргија и стагнирање не само што е откочен, туку веќе и некои дванаесетина километри во потегот на местото Песочен се асфалтирани од едната страна на коловозот и очекувам да почетокот на новата туристичка сезона од Арбиново практично до Охрид тој дел да биде пуштен. Со исклучок на неколку километри во делот на село Ботун, бидејќи имаме таму свлечиште коешто треба а биде санирано. Во суштина на 16 свлечишта но, ова некако е најголемо, а очекувам до крајот на 26-та година тоа што го ветивме од Кичево да се поврземе до Охрид комплетно”, изјави премиерот.

Премиерот подвлече дека Владата веќе има отпочнато со теренските активности, нагласувајќи дека избрале да работа, а не да водат политика во делот на реализацијата на Коридорот 8.

„Видовте дека отпочнавме со теренските активности и избравме да работиме, а не да водиме политика во делот на реализација на Коридорот 8. Патно поврзување помеѓу Гостивар и Буокојчани. Отворен е фронтот некои 12 до 16 километри. Решени имотно-правни односи, со расчистена траса. Се работи на терен. Пред недела две, имавте можности вие односно пред една недела тоа имаа можност медиумите тоа да го видат. Исто така и на патниот правец којшто е дел од Коридорот 10, долж којшто ги поврзува Прилеп и Битола и тука веќе имаме отворен фронт од осум километри, благодарение на Армијата. Деминиран комплетно решен имотно правни односи и веќе се работи ова теренски. Потегот Градско, Градско-Фариш, до Нова година ќе биде пуштен, а потегот Дреново-Фариш има една карпа којашто треба да се отстрани и малце ќе има тука задоцнување. До крај март, април но, очекувам и тој потег да биде да биде завршен. Така што имаме задвижување и реализација на капитални проекти коишто не биле до сега реализирани очекувам првата секција од пругата што е дел од Коридорот 8, Куманово на Куманово- Бељаковце да биде завршена до Нова година. Бељаковце Крива Паланка за жал има доцнење и не знам тука треба малку да видиме што ќе правиме со изведувачите, затоа што тој втор дел ни е битен за да влеземе во третиот дел. Во третиот дел добро е што конечно од страна на нашиот источен сосед имаме желба да се заврши тој потег, тунелот заеднички поврзување со националниот со националната пруга на Бугарија и на тој начин вистински да станеме и патен, односно транспортен и железнички Коридор и или хаб или раскрсница како сакате”, објасни тој.

Овој месец завршува и тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. До Нова година како што рече премиерот очекува да се потпише договорот.

„Од друга страна до 20 ноември завршува тендерирањето за интерконекторот гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектот да се заврши веќе да работиме на северниот интерконектот со Србија. Така што буквално на сите страни се работи”, истакна премиерот Мицкоски.

Слични содржини