Мицкоски очекува европските синдикалци да го сфатат аргументот на Владата за препирките со ССМ

од Nikola Popovski
135 прегледи

Откако Европската конфедерација на синдикати излегоа со став дека ќе ја известат Европската комисија дека Владата прави притисок за да не се зголемат платите и дека целиот случај ќе го стават под мониторинг, премиерот Христијан Мицкоски вели дека би ги поканил претставниците и да ги слушнат аргументите. Според него, би било незрело само врз основа на еднострана информација да носат заклучоци.

-Би ги советувал да ги слушнат сите страни и тогаш да зборуваме за заклучоците. Доколку информацијата е еднострана, а сигурен сум дека ќе сакаат да ја слушнат и втората страна, дебата и заклучоците би биле поинакви. Но, ако го слушате претпоследниот браник на интересите на СДСМ, а тоа е она момче претседател на ССМ кое што излегува заедно со малкумина судии и обвинители, тогаш да, ако носите врз основа на тоа заклучок, да. Заклучокот треба да се темели врз основа на аргументи од двете страни. Ако треба и ние ќе појдеме, за да ги претставиме нашите аргументи, рече премиерот за конфликтите и обвинувањата на релација централна власт-синдикатите.

Европската конфедерација на синдикатите чиј полноправен член е Сојузот на синдикатите на Македонија преку механизмите кои ги има на располагање, најави дека ќе ги информира и европските институции за состојбите и случувањата во земјава.

Слични содржини