Мицкоски очекува и САД да седнат на заедничката маса за надминување на спорот со Бугарија

од Nikola Popovski
82 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш го повтори својот познат став дека Бугарија не ги почитува човековите права на македонската заедница таму. Според него, поразително е што зборуваме за 21-век и земја-членка на ЕУ која не ги почитува човековите права, согласно одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.

Оттаму, според него, издајнички би било ако каже дека македонското прашање е затворено.

Околу подготвеноста за средба со новиот бугарски премиер, Росен Жељазков, Мицкоски изјави дека би презел чекори за контакт и би сакал да се сретне и да разговара со него за спорот со Бугарија и ставовите за „заеднички јазик“.

-Да видиме дали можеме заедно со нашите стратешки партнери и од САД и од  ЕУ, да седнеме и да видиме да го фасилитираме овој процес. Со билатерални прашања не можеме да браниме европски вредности. Тоа што оваа Влада го прави е одбрана европските вредности наспроти оние кои ги злоупотребуваат своите позиции во рамките на ЕУ. Немам против да разговарам со секого, било каде за да го одблокираме процесот, рече премиерот враќањето назад од САД и по извршениот увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

Слични содржини