Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од населба Усје порача дека очекува во 2023 година да најдат 61 пратеник кои ќе гласаат недоверба на Владата. Потоа тој очекува да дојде до распуштање на Парламентот и закажување предвремени парламентарни избори.
-Имам сигнали и големи шанси двата датуми 14-ти и 21-ви мај да бидат изборни датуми. Народот треба да си каже, тој е суверен во оваа држава, рече Мицкоски од отворањето на нова градинка во општина Кисела Вода.
Според него, втората половина на јануари и првата половина на февруари е одличен момент за да се гласа за доверба на Владата.
-Ценам дека ова е правиот момент за такво нешто, кажа Мицкоски.