Владата останува фокусирана на реформите, на обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, а главната цел останува полноправно членство во Европската унија, рече премиерот Христијан Мицкоски, во видеообраќање од Брисел.
Мицкоски прецизира дека во текот на вчерашниот ден остварил средби со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, кои, според него, поминале во „исклучително пријателска, срдечна и конструктивна атмосфера“.
„Разговаравме за сето она што го имавме како предизвик во минатото. Се што требаше да се откажеме во име на европските вредности, но истовремено потврдивме дека не прифаќаме ултиматуми, дека сме подготвени да разговараме колку што е потребно за да најдеме начин да го отвориме првиот кластер, брзо да одиме преку преговарачкиот процес и да стане земја-членка на Европската Унија. Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани и како дел од оваа програма е наша целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство“, рече Мицкоски во обраќањето.
Македонскиот премиер е меѓу лидерите на земјите од Западен Балкан, кои учествуваа на состанокот на новиот претседател на Европскиот совет.