Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и економски и политички, бидејќи после долго време, не знам од кои причини, стопирање и пауза во односите коишто ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, повторно воспоставуваме една ваква блиска, непосредна соработка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој изминативе денови заедно со тим од Владата беше во посета во Обединетите Арапски Емирати.

Разговарано е за проекти од областа на транспортот, пред сè коридорите 8 и коридорот 10 и отсечката на коридорот 10, 10-д, проекти со туризмот, градежништвото, за инвестиции во делот на земјоделието и енергетиката.

Го издвои и Меморандумот за подлабока економска соработка којшто го потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

„Сето она коешто разговаравме е навистина нешто коешто ќе претставува еден голем чекор напред за македонската економија“, тврди Мицкоски.

Слични содржини