Мицкоски од свиркачи добил нови документи за скандалот на Онкологија

од Nikola Popovski
254 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информира дека до неговата партија стигнале нови документи за скандалот на Клиниката за Онкологија. Вели дека на седниците на Анкетната комисија се изнесени „катаклизмични и шокантни иннформации“.

-Преку свиркачи добиваме многу сведоштва и документи и таков еден случај добивме пред неколку дена. Го истражуваме и анализираме – се однесува за сега, не во минатото. Ако се потврди за точно, можам да кажам дека имаме работа со монструми, а не луѓе. Планираме да излеземе со јавност, доколку ова што го достави свиркачот се докаже за точно, рече Мицкоски.

Тој не сакаше да открие повеќе детали за случајот.

-Прашање е на денови кога ќе излеземе во јавноста и тоа лично јас ќе излезам, ако се докаже дека е точно, посочи лидерот на опозицијата кој беше во обиколка на општина Лозово.

Слични содржини