Мицкоски од Вевчани повторно побара предвремени избори

од Nikola Popovski
122 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повторно побара предвремени парламентарни избори.

-Одлично, ако Ковачевски верува дека е така, го повикувам да излезе пред граѓаните на избори и да види колку успешно се справува се Владата. Граѓаните ќе кажат дали се справува успешно. Изборите се единствениот начин. Вака ако продолжи, ќе треба да почекаме неколку месеци, рече Мицкоски од Вевчани каде што присуствува на Вевчанскиот карневал.

Ваквата изјава следува после вчерашниот став на премиерот Димитар Ковачевски. Според него, „тоа што Мицкоски бара избори во мај е комплимент за Владата“.

-Тој не бара избори во зима, тој не сака да се справува енергетска криза и економска криза и веројатно смета дека Владата одлично се справува. Енергетската криза завршува на 30-ти април, а тој бара избори во мај, кажа Ковачевски.

Премиерот му се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за довербата „што верува дека добро се справуваме со енергетската и економската криза“.