Мицкоски одговори дали е можна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без ДУИ

од Nikola Popovski
268 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Волково зборуваше за тоа дали е можна широка коалиција меѓу неговата партија и СДСМ за гласање на уставните измени, со што ДУИ би отпаднала од Владата.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија има јасен став – овој Парламент нема мандат да менува Устав. Доколку ја добиеме централната власт ќе работиме да асфалтираме патишта, да ги вратиме младите, подобра економија и повисоки плати, подобро здравство, тоа е тоа што го ветувавме. Од другата страна, оваа влада потпиша Анекс на Договорот со Бугарија. Очигледно сега нема услови да се промени Уставот. Потребно е час поскоро да бидат одржани предвремени парламентарни избори. Оваа коалиција не може вака да продолжи.

Според него, краен избор за да имаме предвремени избори е првата половина на февруари.

-За нас прифатливо е да има брзи предвремени избори на 14 и 21 мај. Граѓаните понатаму ќе одлучат како ќе биде новата Влада. Сепак сум сериозен човек кој што секогаш ги кажува работите и стои позади тие работи. Време е ДУИ да замине во опозиција. Тоа е добро и за нивната партија да можат внатрешно да се организираат, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање.