Мицкоски: Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска

Според Мицкоски, Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните.

од Бисера Трајковска
12 прегледи Фото: Фејсбук

На Скопје му е неопходно многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, а Орце е вистинскиот избор, потенцираше денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за време на партискиот промотивен настан за скопски градоначалник.

Според Мицкоски, Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните.

-Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор. Најавувам нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво, рече Мицкоски.

Тој додаде дека одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска.

-Тука сме за да работиме, а не да глумиме политика. Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска, порача Мицкоски.