Мицкоски: Опомена за страотните последици на војната предизвикана од фашистичките окупатори на Македонија

од Nikola Popovski
165 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска предводеше партиска делегација која положи свежо цвеќе по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка од времето на фашистичката окупација на Македонија.

-Овој чекор е сеќавање за човечката голгота и жртвата на невините луѓе, како и опомена за страотните последици на војната предизвикана од фашистичките окупатори на Македонија. Денеска се сеќаваме за 7144 наши сограѓани кои заминаа од своите домови и никогаш повторно не се вратија. Тагата и болката се сѐ уште присутни. Да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата која ни кажува дека војната и непријателството го раѓа семето на злобата, уништувањето и заедничката несреќа, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, таквиот геноцид е најцрниот настан во историјата на човештвото.

-Катастрофата од геноцидот никогаш да не се повтори, но и да не се заборави!, порача Мицкоски, кој беше придружуван од секретарот за меѓународна соработка на партијата, Стефан Андоновски и пратеничката Рашела Мизрахи.

Слични содржини