Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека и британската влада не гледа пријатно и разумно на блокираниот пат на Македонија кон ЕУ. Според него, имаме неразумна пречка пред нас која претендира да се повторува во рамките на процесот на преговори. Вели дека сакаме да преговараме со јасен и предвидлив крај. Мицкоски е дециден дека никој во рамките во ЕУ ниту генерално не гледа позитивно на ваквиот тип на пречки.
Премиерот најави дека Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе биде потпишан оваа недела во Лондон, по што ќе се знаат сите услови по кои е потпишан, како што е висината на каматната стапка.
-Опозицијата игра на картата на кратко помнење на граѓаните и нормално нихилистичка политика дека се што пррави оваа Влада не чини. Не може се што прави Владата да не чини, не може се да се критикува. Може сигурно има добри работи кои што ги правиме. Вклучително и ова незрело однесување кога станува збор за Договорот со Обединетото кралство, рече меѓу другото премиерот по посетата на тренинг-центарот во Идризово.