Мицкоски отфрла допирна точка со „српскиот свет“

од Nikola Popovski
107 прегледи

Не сум го видел тој Извештај. Кога ќе го видам, ќе го коментирам. Отфрлам таква констатација и не верувам дека е содржано во некаков официјален Извештај на ЕУ бидејќи би било многу наивно, вели премиерот Христијан Мицкоски запрашан за терминот „српски свет“ кој бил спомнат во Предлог-извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ кој треба да биде усвоен на 8 јули.

Од оние контакти кои јас ги имам со високи претставници на ЕУ, додава премиерот, не само што немаме никава допирна точна со таква констатација туку напротив, ако некогаш во времето постоеше онаа иницијатива „Отворен Балкан“, барем откако е оваа Влада, такво нешто нема.

-Се изгуби смислата на сето тоа од она што можам јас да го видам, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

„Српскиот свет“ е новиот фронт со кој бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја турка нашата држава во политичка констелација, која се оценува во моментов како авторитарна во Брисел. Практично, зад многуприсутната реторика за штетно српско влијание врз Македонија во извештајот стои бугарски интерес околу кој се собраа и европарламентарците на ХДЗ во ЕП. Меѓу нив е и поранешниот министер за надворешни работи во хрватската влада, Давор Иво Штиер.

„ЕП изразува загриженост за таканаречениот проект ‘српски свет’ и што некои претставници на Владата на Северна Македонија го застапуваат и промовираат овој концепт; ЕП го осудува учеството на состаноци на кои се обидува да се воспостави сфера на влијание што го поткопува суверенитетот на другите земји и стабилноста на регионот“, стои во амандманот поднесен за Предлог-извештајот кој помина во прва фаза, по што следува главното гласање на пленарката на ЕП.

Слични содржини