Мицкоски откри зошто Стоилковиќ не бил присутен на меѓувладината седница во Косово

од Nikola Popovski
172 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Приштина изјави дека етнички теми отвораат политичари кои што немаат идеи и каде што има отсуство на реални идеи за реалните потреби на граѓаните. Според Мицкоски, „таквите политичари не знаат како да привлечат внимание и преку политички егзибиционизам се одлучуваат да анимираат публика“.

-Ние сме туика да разговараме за енергетски, транспортни и економски прашања, образование… Тоа е она што не поврзува и треба да додаде квалитет во живот на нашите сограѓани. очекувам во иднина така и да продолжиме да функционираме, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти.

По прашањето за Законот за употребата на јазиците и евентуалната одлука на Уставниот суд, премиерот истакна дека уставните судии во Македонија се избрани од пораненшното мнозинство на СДСМ и ДУИ додека биле на власт. Мицкоски, обраќајќи се и на новинарка од Албанија, кажа:

-Не знам од каде впечатокот дека ние имаме влијание или може сме семоќни и ги контролираме сите партии во Македонија, што не е така. Треба да знаат вашите гледачи дека од првиот до последниот судија се избрани во парламентот кога мнозинство беше СДСМ-ДУИ. Сите оние политичари кои се дел од минатото, не можете да ги слушнете за предлози и реформи во економијата, енергетски проекти, образованието, единствената карта на која ја темелеа својата политичка кариера беше криминал и корупција и етнички конфликти, одговори премиерот.

За отсуството на вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, Мицкоски вели дека тој „горел од желба да биде во Приштина, но бидејќи ја поместиле владината седница, поради оправдани обврски, не е денеска дел од меѓувладината средба“. Македонскиот премиер информира дека првично меѓувладината седница била закажана за петок 15-ти ноември.

-Затоа неговиот заменик, господинот Неждет Мустафа е тука и имаше прецизна и јасна дискусија со неговиот хомолог од косовската влада, додаде претседателот на македонската влада, одговарајќи на новинарски прашања.

Мицкоски додаде дека „ние како држава и како Влада сме го кажале ставот што е Косово и тоа меѓу првите во светот“.

-Не треба да дозволиме таа тема некој да ја злоупотребува. Ние бевме меѓу првите и сите овие настани се јасна порака од тоа, кажа премиерот од Приштина.

Слични содржини