Мицкоски по ручекот во Брисел: Регионот и државата се уморни од пречки кои се билатерални

од Nikola Popovski
78 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека присуствувал на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Според неговите зборови, во фокусот на агендата бил планот за развој на Европската Унија.

-Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес. Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми, стои во објавата на претседателот на Владата на социјалните мрежи.

Фон дер Лајен по работниот ручек со лидерите од Западен Балкан порача дека регионот ѝ припаѓа на Европа.

Преку платформата „Х“, таа сооошти дека Европската комисија преку Планот за раст од шест милијарди евра за регионот работи на приближување на економијата и пазарот.

„Денеска ги примив лидерите на шест партнери од Западен Балкан. Сите шест земји припаѓаат на Европа. Тоа е она на што работиме. Во исто време, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со Планот за раст од шест милијарди евра за регионот“, наведе Фон дер Лејен.

Слични содржини