Мицкоски: По Водици ќе имаме целосна слика за составот на техничката Влада

од Nikola Popovski
244 прегледи

Целосниот состав на техничката влада ќе се знае по Водици, изјави во интервју лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Нагласи дека партијата не се брза на тој план и има голем број на кадри за позициите.

„ВМРО-ДПМНЕ има голем број на кадри кои можат да одговорат на позициите кои се бараат. Што се однесува до перформансите на техничката влада, сметам дека тие влади досега се покажаа како слаби исполнети со конфликти и бројни кочења. Погледнете, дали се памети некоја прогресивна политика спроведена во тој период, одговорот е не. Она што се памети се препирки. Кочења. Поништени одлуки. И затоа тоа е загубено време за државата. Затоа и предлагав да се укине техничката влада. Сметам дека целите перформанси и вистинската енергија на промените ќе се покаже по смена на власта и формирањето на легитимна и стабилна влада“, изјави Мицкоски.

Во однос на средбата со премиерот Ковачевски, Мицкоски нагласи дека кога и да имаат средба, за тоа ќе биде известена јавноста.

Слични содржини