Мицкоски подготвува контра-кривична за Левица доколку нема основ за негово гонење

од Nikola Popovski
101 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да се произнесе откако политичката партија Левица денеска поднесе кривична пријава против него поради, како што велат, попречување на истрагата во трагедијата во Кочани. Вели дека доколку постои такво кривично дело, ЈО веднаш да постапи.

-Јас сум тука, не се кријам и не бегам. Подготвен сум со чиста свест да одговарам пред граѓаните. Тоа прашање има повеќе политика отколку суштина. Се надевам дека професорите по право во Левица подготвиле добра и издржана кривична пријава којашто за мене ќе значи кривична одговорност. Ако не биде така, тогаш ќе очекувам да ми се извинат. Така функционираат работите во животот. Ако сте погрешиле, а притоа сте нанеле некому штета поради вашата грешка, тогаш доблесно би било да се извините затоа што може да се соочите со контра-кривична пријава за клевета и за лажно пријавување. Јас барем така ги гледам работите, изјави Мицкоски.

Од партијата на Димитар Апасиев замеруваат што и покрај пропустите во работата на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, констатирани од Владата, премиерот ја прекинал постапката за негово разрешување, со цел да обезбедат селективна истрага, односно алудираат на тоа што седумина функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што велат, се поштедени од кривичен прогон.

Слични содржини