Мицкоски повтори и пред Росвал: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Актуелната политичка и економска состојба и евроинтеграцискиот процес на државава биле теми на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Џесика Росвал, министер за европски прашања на Шведска, на која присуствувале и потпретседателите на партијата – Александар Николоски и Тимчо Муцунски, и пратеничката Гордана Силјановска-Давкова.

-Мицкоски го реафирмираше ставот на партијата дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, истакнувајќи дека таквиот однос на уцена од страна на Бугарија не само што ги нарушува меѓусоседските односи меѓу двете земји, туку и не претставува никаква европска вредност. Мицкоски додаде дека стратешки интерес за просперитетот и развојот на државата е Македонија да стане што побрзо дел од големото европско семејство, но без негирање на историјата и идентитетот, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на внатрешната политичка и економска состојба, се наведува во соопштението, „Мицкоски ја истакна својата загриженост бидејќи од страна на власта единствено што се прави е криминалот и корупцијата во која директно се вклучени владините челници“.

-На средбата се разговараше и за одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринската партија Модератерна, за која изјави дека очекува во претстојниот период да се одвива со засилена динамика. Мицкоски се заблагодари на поддршката која ја добива Македонија од страна на Кралството Шведска, и изрази желба соработката да продолжи и во иднина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини