Мицкоски повтори, за да не се заборави: Има центри на моќ кои не и сакаат добро на Македонија

Тие сакааат да ја видат онаа Македонија од пред седум години, понижена, ограбена, со политичари кои се моделираат, со свиткани кичми. Тоа се тие центри на моќ, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Премиерот на Македонија,  Христијан Мицкоски во интервју за Алсат повторно зборуваше за, наводните, центри на моќ кои не сакале земјава да успее.

Не сакаше да коментира конкретно географски од каде потекнуваат центрите и додаде дека она што го кажува го кажува врз основа на информациите со кои располага и основаните сомневања со кои располагаат како Влада.

– Што се однесува за дома, веќе имаме група од 20 тина лица која е под мониторинг и за која постои сомневање дека девијантно се однесувала во изминатит период. Оставам на органите на прогнот да си ја завршат својата домашна задача, рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека има центри на моќ кои сакаат Македонија да биде поразена и да не напредува.

– Центрите на моќ се тие кои не сакаат Македонија да биде успешна земја, кои не сакаат да имаме стабилна состојба во Македонија, која ќе се развива, која ќе ниже успеси, ќе расте економски, ќе владее правото, ќе нема корупција и криминал, како тоа што се случуваше изминатите 15 години. Тие сакааат да ја видат онаа Македонија од пред седум години, понижена, ограбена, со политичари кои се моделираат, со свиткани кичми. Тоа се тие центри на моќ, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.