Мицкоски повторно во Будимпешта на средба со Орбан

од Nikola Popovski
32 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта ќе присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот. Според агендата, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе се обрати на сесија закажана во 15:30 часот.

На конференцијата меѓу другите гости се и словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш од Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

Во рамки на посетата на Унгарија, премиерот Мицкоски ќе оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На почетокот на март, премиерот и и министерите од Владата беа присутни во Будимпешта на заедничката владина седница со владата на Унгарија.

Слични содржини