Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа даде предлог за тоа како да ѝ се помогне на украинската држава која е под руска инвазија.
-Сакаме да ѝ помогнеме на Украина? Еве веднаш сите земји-членки кои сме дел од НАТО алијансата да почнеме ратификација на протоколот за членство на Украина во НАТО и да ѝ помогнеме. Така ќе го искористиме членот 4-5 и да ѝ помогнеме, така што ќе пратиме војници таму и ние ќе се бориме заедно со политичарите. Само така ќе ѝ помогнеме, а ова другото е двојни стандарди и понижување и омаловажување. Таму каде што се води војна, така се помага, кажа Мицкоски во емисијата „Само вистина“.
Со реакција за ваквата изјава на Мицкоски, се огласи лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.
-Америкаците внимаваат со реториката за влегување во војна со Русија, а тој диретно ќе војувал и предлага да испратиме наша, македонска војска. Што да испраќаме војска нека оди тој како доброволец. Не е престарен има 45години. Во кондиција е, секој ден ака по Водно, очекувам дека ќе го распределат во јуришна бригада да го форсира Дњепар зошто не може да потоне оти е многу лесен, пишува меѓу другото во објавата на Јакимовски на социјалните мрежи.