157
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите информираше дека нивната пратеничка група за време на дебатата за Предлог- Буџетот во Собранието ќе предложи медиумските работници да бидат ослободени од социјалното и здравственото осигурување, со изземање на МРТВ и МИА, бидејќи добиваат пари од државниот Буџет.
Според него, потребно за ова сега за да се обезбедат средствата, за потоа да може да се регулира со законски и подзаконски акти.
За импликациите од оваа мерка, како што рече Мицкоски, ќе бидат потребни околу 10 милиони евра.