Ќе има многумина кои ќе сакаат да ве демотивираат, да ве обесхрабрат, ќе има многумина кои ќе ви велат дека „секако ВМРО-ДПМНЕ победува, до мојот ли глас дошло?“. До секој еден глас е дојдено, до секој еден човек е дојдено затоа што следните избори и претседателски и парламентарни се референдумско изјаснување во која насока ќе движи Македонија и каква иднина ќе има Македонија, , изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на средба со граѓани во Миравци во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“
Тој посочи дека прашањето е „дали сакаме ваква предводена од СДСМ и ДУИ полна со криминал, корупција, политички криминалци кои наместо да гледаат за иднината на својот народ, гледаат само за сопствената иднина и џеб или иднина која ВМРО-ДПМНЕ ја ветува со јасен план за развој и економски просперитет“.
– Дали иднината повторно ќе продолжи да ни биде онаква каква што изминативе години ја симболизира преку она што се симболизира преку она монструозно и грозоморно дејство на Клиниката за Онкологија, каде поединци на маката на луѓето печалеле или иднина која ние ја нудиме со јасен план и визија за едно модерно вистинско здравство кое ќе одговори на потребите на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски исто така додаде дали „сакаме иднина каква имаме денеска кога нашите најмили, нашите деца и покрај тоа што помина месец и половина од почетокот на учебната година се уште немаат добиено учебници за да може наставниот процес да го следат внимателно и стекнат знаење, или иднина во која ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека има план, има визија и има стратегија како до вистинско образование“.
– Како редовен професор на УКИМ знам која е маката на моите студенти и нема потажно кога 8 до 10 студенти на моето прашање како и каде понатаму ми даваат одговор некаде надвор, се чувствуваат обесправени, посочи тој.