Мицкоски прифаќа медијација за надминување на проблемите со Бугарија

од Nikola Popovski
86 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен да разговара – на ниво на билетерални разговори или на ниво на партнерските односи во НАТО, за надминување на проблемот со Бугарија за европскиот пат на Македонија.

Мицкоски посочува дека прифаќа било каква медијација.

-Не треба било кој да има дилема – сакаме решение, но кое ќе биде достоинствено и долготрајно. Се изморивме од континуирани блокади кои се однесуваат на билатерални прашања. Дајте решение кое ќе биде единствено и оставете не дома да си ја завршиме домашната задача, па да видиме кој ќе биде предводник, кој нема да биде. Нека судат по тоа сите оние, кажа Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Премиерот информира дека присуството на Калас денес во Скопје е значајна порака дека Европската унија не го заборава овој регион и дека постои легитимен интерес за нашите состојби и нашите заложби. Појасни дека отворено разговарале за патот кон Европската Унија- пат кој не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен.

Слични содржини