Мицкоски приреди вечера за учесниците на состанокот Западен Балкан-ЕУ

од Nikola Popovski
26 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа приреди вечера за лидерите од Западен Балкан и ЕУ кои учествуваат на состанокот Европска Унија – Западен Балкан за Планот за раст во Скопје.

„Вечерва имав чест да ги угостам лидерите на Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан и ја користиме оваа можност да лобираме за македонските интереси и политика“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

На вечерата присуствувале министерот за европски интеграции на Србија, Немања Старовиќ, техничкиот премиер на Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо. Покрај нив, присутна во Скопје е и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.