Мицкоски: Протестите се демократска алатка, но одредени политички глодари не сакаат силна влада на ВМРО

од Nikola Popovski
157 прегледи

Протестите се демократска алатка на изразување незадоволство. И јас сум верувајте нервозен и верувам дека и вие сте незадоволни од сето тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме, рече премиерот Христијан Мицкоски за најавите за протести по повод трагедијата во Кочани и смртта на 59 наши сограѓани.

Според неговите зборови, одредени „политички глодари сакаат преку протести да добијат некој политички поен, па оттаму гледаат шанса“.

-Се придружувам на изразувањето револт и гнев бидејќи уште многу работи останаа да се решат пред нас. Ќе се бориме до последен атом енергија да исправиме нешто во името на идните генерации. Направивме многу работи, поразивме многу мафијашки здруженија. Отсега па натаму би посакал да останеме фокусирани во решавање на проблемите. Ги разбирам сите оние одлучиле својот легитимен гнев да го изразат преку протести, но не можам да ги оправдам политичките глодари и лешинари кои што не сакаат силна влада од ВМРО бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, рече Мицкоски при посета на работни активности во општина Радовиш.

Слични содржини