„Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со високото раководство на партијата, членови и симпатизери од седиштето се упатија кон црквата Свети Спас, каде пристигнаа да му оддадат почит на револуционерот.
„Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле“, вели, меѓу другото, Мицкоски.