Немаме ние антибугарско расположение, имаме про-македонско. Очекувам отворањето на клубот во Благоевград да помине во духот на пријателството меѓу двата народи. Одиме таму да ги поддржиме нашите и да ги охрабриме дека нивната матична држава стои позади нив, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на неговата посета на Благоевград во недела за отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Тој појасни дека лично сам си го финансира патувањето во Бугарија на 30-ти октомври, како што вели, „како што го правам во овие пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.
-Одам таму на покана на организаторите. Ова е можност да се покаже партиско единство, бидејќи ова е натпартиски настан. Не верувам дека премиерот и претседателот не добиле покани од организаторите. Ако сум бил јас поканет, сигурно бил и Пендаровски. Навикнати сме на таков тип на однесување. Жалам што не се надминаа себеси, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање.